Османи формира работна група за приклучување на Македонија кон програмата на САД за укинување на визите
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска информира дека формирал работна група во рамки на Министерството, што има за задача да работи на приклучувањето на Република Македонија кон Visa Waiver Програмата на САД.
– Процесот за укинување визи за нашите државјани за влез во САД е долгорочен и комплексен процес, но со оглед на нашите заложби за зајакнување на постоечкото сојузништво, создадени се условите да го започнеме овој процес. Најголема потврда за тоа е приклучувањето на нашата земја кон НАТО Алијансата, но и напредокот постигнат на полето на безбедноста, како надополнување на нашето стратешко партнерство со САД, напиша Османи на Фејсбук.
Тој додаде дека успешното завршување на овој процес налага долгорочна и посветена работа, а постигнувањето на оваа цел ќе биде од бенефит за државјаните на двете пријателски земји.
– Дополнително тоа ќе создаде значителен позитивен ефект на економската соработка, демократскиот просперитет и развој, но сметаме дека и генерално ќе има позитивно влијание врз целиот регион. Ваквиот чекор е уште една потврда за посветеноста на Република Македонија за градење стабилни билатерални односи со САД и зајакнување на нашето стратешко партнерство, наведува шефот на дипломатијата во објавата на Фејсбук.
Ново на Сител
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
-

Франција ги продолжи полициските часови за да ги смири немирите и грабежите
