Османи: Европската интеграција отвора нови можности за развој на бизнисите
Темите поврзани со европските интеграции на земјава и статусот на спроведените реформи од аспект на можностите и потенцијалите кои им стануваат достапни на бизнисите во рамки на единствениот европски пазар, како и подобрување на нивниот развој во контекст на стабилизираната политичко-економска состојба во земјата во последниве две години, беа тема на разговор на денешната средба во Скопје меѓу вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и претседателката на Европската бизнис асоцијација (ЕБА) Катерина Бошевска.
На средбата, информираат од СЕП, вицепремиерот Османи посочи дека европската интеграција отвора нови можности за развој на бизнисите.
-Извесната европска интеграција на земјава придонесува за подобрување на бизнис климата со имплементацијата на европските стандарди и вредности во работењето на бизнис секторот, при што позитивно влијае и на унапредувањето на економските односи со ЕУ, обезбедувајќи взаемни придобивки за бизнисите, рече вицепремиерот Османи.
Од овој аспект, додаде, улогата на ЕБА во евроинтегративниот процес очекувам дополнително да придонесе за доближување на практиките на македонските бизниси до европското бизнис опкружување.
На средбата, посочуваат од СЕП, се разговараше и за можноста за директно ангажирање на ЕБА во делот на подобрување на искористеноста на ЕУ фондовите кои се на располагање за македонските компании, со цел поттикнување на развојот на претприемништвото, како и воопшто потесна соработка на Асоцијацијата со Секретаријатот и со владините институции.
Ново на Сител
-
Трамп: Премиерот Моди ми рече дека Индија ќе престане да увезува руска нафта
-
Половина метар е најдолгото гласачко ливче, ДИК дистрибуира 4.613.438 гласачки ливчиња
-
Студија: Во Србија, секој петти млад човек страда од барем едно психичко нарушување
-
Приведен 18-годишник од Скопје, при претрес на неговиот дом најдена е дрога
-
Прекин на испораката на гас за ЈПС - можни отстапувања од возниот ред
-
Денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, досега пријавени 43.000 граѓани
-
Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември
-
Средба на Сиљановска-Давкова со Фон дер Лајен