Османи: Без разлика на политичкиот контекст, продолжуваме со реформите

Без разлика на политичкиот контекст во кој се наоѓаат европските интеграции, мора и ќе продолжиме не само со реформите, туку и со изградбата на институции, училишта, болници, гранични премини, патишта и сѐ што е потребно за најпрво да им обезбедиме подобри услови на нашите граѓани, а потоа да ги достигнеме и европските правила и стандарди, рече вицепремиерот Бујар Османи на денешното отворање на спортска сала во село Черкези, Кумановско.
Секоја година, истакна Османи, ЕУ става на располагање преку 100 милиони евра годишно неповратни средства, пари на даночните обврзници на нејзините земји – членки, што се искористуваат за проекти со кои се обезбедува суштинска поддршка за трансформација на нашето општество.
-Отворањето на оваа сала претставува симбол на нашата амбиција – да го трансформираме и образовниот систем на младите согласно европските стандарди, рече вицепремиерот Османи, посочувајќи дека салата е дел од поширокиот проект за изградба на 145 спортски сали финансирани од кредит од Банката за развој при Советот на Европа, додека проектната документација е изработена со неповратните средства од ИПА фондовите.
Ново на Сител
-

Во Крушево денеска гласаат 255, а во општина Долнени 134 болни и изнемоштени лица
-

Поднесено обвинение за кражба на кабли од кругот на „Железара“, нанесена штета на јавните инсталации од повеќе стотици илјади евра
-

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје
-

Почнува аплицирањето за студентски стипендии за 2025/2026, првпат се доделуваат и 15 за студии по македонски јазик
-

Во Нови Сад голем коморативен собир по повод годишнината од падот на бетонската настрешница на железничката станица
-

Белата куќа воведува ново правило со кое се ограничува пристапот за новинарите
-

Посебен режим на сообраќај на градските гробишта Бутел поради задушница
-

Митровденска задушница - спомен за починатите
