Османи: Агнеса Руси, Агрон Буџаку и Љубомир Фрчкоски амбасадори во Бугарија, Канада и во ОН

По добиените агремани и потпишаниот указ од страна на претседателот Пендаровски, Министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот Фејсбук профил информираше дека се утврдени следните предлози за амбасадори:
- Агнеса Руси Поповска за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Република Бугарија,
- Агрон Буџаку за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Канада,
- Љубомир Данаилов Фрчкоски за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Организацијата на Обединетите нации.
„Со ова, бројот на пополнети места – амбасадори и генерални конзули, во нашите дипломатско-конзуларни претставништва, за време на мојот мандат се зголеми на 24.
Процесот на пополнување на испразнетите амбасадорски места ќе продолжи да биде еден од врвните приоритети на Министерството за надворешни работи“, пишува Османи.
Ново на Сител
-

Најмногу дожд во изминатото деноноќие во Крушево, за викендот нови врнежи
-

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година
-

Трамп го потпиша законот за објавување на досиејата на Епштајн
-

Зеленски: Само Трамп и САД имаат моќ да стават крај на војната во Украина
-

Украина, Блискиот Исток, Сахел и Судан главни теми на денешниот Совет за надворешни работи на ЕУ
-

Облачно со повремени врнежи од дожд
-

Сообраќајот се одвива непречено, нема подолги задржувања на границите
-

Најмногу дожд во Крушево, од недела опаѓање на температурите и снег на планините
