Османи: Администрацијата да се фокусира на имплеметацијата на реформите од Планот 3-6-9
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи изрази денеска очекување за целосен фокус на администрацијата во имплементацијата на реформите од Планот 3-6-9.
Тој ова го посочи пред учесниците на 37. состанок на Работниот комитет за европска интеграција.
Реализацијата на обврските од Спогодбата за стабилизација и асоцијација, како и работата на Работниот комитет за европска интеграција и неговите активности врзани за имплементацијата на Планот 3-6-9 беа теми на денешниот состанок, кој го водеше неговиот претседател Османи.
На состанокот, како што информираше Секретаријатот за европски прашања, присуствуваа државните секретари на министерствата, претседавачите на поткомитетите, раководителите на работните групи, генералниот секретар на Владата, како и дел од администрацијата на СЕП.
Османи изрази задоволство од имплементацијата на првиот дел од Планот, делот три, за кој, како што наведе, постои задоволителна исполнителност од над 80 отсто од предвидените мерки и ги презентираше содржините на новите делови шест и девет, како и предвидената динамика за имплементацијата на реформите.
Тој ја истакна одговорноста на улогата на членовите на Работниот комитет за фокусот на предложените реформи, притоа потенцирајќи дека времето е фактор, па од тука, од аспект на временската димензија, позициите и аспирациите, периодот од декември до јануари наредната година е круцијален, период во кој домашната јавност и ЕК очекуваат видлив напредок во реформите во клучните области.
Потенцираше дека со овие редовни состаноци на Комитетот ќе се подигне нивото на неговото значење и секако видливоста и важноста, а од државните секретари очекува активно учество во имплементацијата на Планот, во забрзувањето на динамиката на процесот на евроинтеграција како и редовна отчетност како членови и учесници во работата.
- Успехот во имплементацијата на реформите во овие шест недели ќе ја дефинира агендата и за наредните шест месеци, што, пак, претставува историски период за постигнување значаен исчекор во затворањето на прашањето за ЕУ и НАТО, изјави Османи.
Ново на Сител
-
Дамјан Митев: Хановер е тежок ривал, но нема да се откажеме
-
Шешко во новата сезона во дресот на Манчестер Јунајтед
-
Со дуелот Струга - Охрид ќе стартува 53.то издание на ракометниот турнир Струга 2025
-
Николоски: Новата авиолинија Скопје - Келн значи многу за развојот на туризмот, економијата и бизнисот
-
Одбележување за Карпалак во прилепската касарна: Да не се заборави и никогаш да не се повтори
-
ДЗС: 352 лица ја завршија обуката за пожарникари, утре ќе потпишат договори за работа
-
ЕУ: Бројот на камиони со помош за Газа се зголемува, но се уште е под договореното ниво
-
Нетанјаху: Израел нема намера трајно да го окупира Појасот Газа