Осма национална конференција за рак на дојка
Претставници на Министерството за здравство, на Фондот за здравствено осигурување и специјалисти од државните и приватните клинички болници, ќе имаат предавања за ракот и методи за лекување на осмата Национална конференција за рак на дојка, што ќе се одржи денеска во Скопје.
Меѓу говорниците на конференцијата, како што информираат организаторите, е и Капи Полк Бејли, сопруга на амбасадорот на САД во Република Македонија.
На иницијатива на Здружението „Борка – за секој нов ден“, кое брои 13 подружници од цела земја, на форумот првпат ќе се потпише меморандум за соработка со повеќе невладини организации кои делуваат на полето на борба против ракот.
Со потпишувањето на меморандумот, се најавува и создавање Сојуз на организации на пациенти, во кој може да се вклучат и други здруженија. Воедно, 2016 година ќе биде прогласена за година на борба против ракот во Македонија, со што невладните организации ќе иницираат оформување национална стратегија во областа на здравството и здравствената заштита со посебен акцент на малигните заболувања, подобрување на условите и квалитетот на живот на пациентите со малигни и други заболувања, обезбедување посебен буџет за онколошки болести и дрги клучни цели.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости