„Ослободувањето на Скопје“ ќе го отвори 37. ИФФК „Браќа Манаки“

Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ е подготвен за најновото 37.издание, а на фестивалското платно првата проекција ќе биде македонската премиера на филмот „Ослободување на Скопје“ во режија на Раде Шербеџија, соопшти директорот на фестивалот Благоја Куновски-Доре.
Менаџерскиот тим на фестивалот на денешната прес-конференција во Битола информира дека фестивалот ќе го затвори премиерата на новиот македонски игран филм „Златната петорка“ во режија на Горан Тренчовски и ќе биде прикажан надвор од конкуренција.
Куновски подвлече дека од 10 до 17 септември ќе бидат реализирани 10 различни филмски програми, 150 филмови, од 50 држави во светот. Ќе бидат доделени награди за животно дело, годинава, за двајца великани на светската кинематографија, Роби Милер и Џон Сил, а добитник на специјалната „Златна Камера 300“ е Федон Папамихаил.
- Во конкуренцијата за златна, сребрена и бронзена „Камера 300“ овој пат ќе бидат 14 врвни кинематограферски остварувања кои се селектирани од водечките светски филмски фестивали во Кан, Берлин и Венеција, а по еден и од Карлови Вари, Ротердам и Гетеборг, истакна Куновски и додаде дека тоа и’ го должиме на публиката, бидејќи меѓу неа и фестивалот има посебен флуид, а тоа е програмата, таа и гостите се најважниот сегмент на фестивалот.
Годинава, истакна, ѕвезди се кинематограферите, а имаме дури три врвни светски кинематограферски имиња.
Од ИФФК „Браќа Манаки“ потврдија дека седуммина од кинематограферите од главната програма ќе бидат гости во Битола, а Интернационалното жири ќе го предводи американскиот кинематографер и режисер Федон Папамихаил, кој, воедно е и годинашен добитник на Специјалната Камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност.
- Во жирито ќе члемуваат и Клер Пијман, кинематограферка од Холандија, Алин Ташчијан, филмска критичарка и претседателка на Меѓународната асоцијација на филмски критичари ФИПРЕСЦИ, Ѓокан Тирјаки,кинематографер од Турција и Владимир Самоиловски, кинематографер од Македонија.
Друштвото на филмски професионалци на Македонија (ДФРМ), наградата „Голема Ѕвезда“ за исклучителен придонес за македонската кинематографија ќе му ја додели на светски познатиот продуцент Сајмон Пери, кој го продуцираше најуспешниот македонски филм „Пред дождот“.
За време на фестивалот во Битола ќе бидат емитувани и поновите остварувања на филмските автори од Македонија, со кратки играни и документарни филмови и еден целовечерен игран филм, беше истакнато на денешната прес-конференција во Битола.
Ново на Сител
-

Трамп ги нарече сојузниците „кукавици“: НАТО е „тигар од хартија“ без САД
-

Уапсени девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник
-

Вучиќ: Србија не е опасност за регионот
-

ПМФЛ: Работнички го совлада Силекс, Тиквеш убедлив против Брера
-

ОЈО ГОКК бара притвор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделство за примање поткуп од 50 000 евра
-

Почина легендарниот Чак Норис
-

Саудиски министер за надворешни работи: Го задржуваме правото да преземеме воена акција против Иран
-

Аксиос: САД размислуваат за заземање на иранскиот остров Харг за да го принудат Техеран повторно да ја отвори Ормуската Теснина
