Ослободителна пресуда за Канческа Милеска во „Тендери“
Во Основниот кривичен суд Скопје, поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска, денеска беше ослободена од вина за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Канческа Милевска која беше првообвинета во предметот „Тендери“ во врска со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, како дел од проектот „Скопје 2014“, заедно со обвинетите Јулијана Угриновска и Лидија Лазарова Цветковска, членови на Комисијата за јавни набавки, беа ослободени од вина, бидејќи, според Судот, обвинителството не докажало надвор од разумно сомневање дека обвинетите го сториле делото.
Според обвинението, дел од градежните работи во Музејот се вршени во корист на правното лице „Бетон“ од Штип. Пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки, Канческа Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон“ од Штип наложила да се продолжи со работа на Музејот, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна набавка.
Процесот го водеше судијата Осман Шабани, а обвинението го застапуваше јавниот обвинител Стевчо Дончев.
Ново на Сител
-

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица
-

Дијана Хрка му одговори на Вучиќ на повикот за разговор
-

Ѓорѓиевски: Нашето убаво Скопје - чисто и достоинствено
-

Најстудено во Крушево, најмногу дожд во Охрид
-

Изминатата недела АХВ заплени и уништи приближно 37 тони храна со поминат рок на употреба
-

Трката за наследник на Трамп во 2028 година се вжештува, а еден републиканец има огромна предност
-

Панел-дискусија во Тетово во рамки на кампањата на МОН „Магијата е во знаењето“
-

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД
