Ослободени браќата од Косово осомничени за планирање терористички напад
Двајцата браќа од Косово на возраст од 31 и 28 години, кои што беа уапсени минатата недела во Дуисбург под сомнение дека подготвувале терористички напад биле ослободени во текот на викендот јавуваат германските медиуми.
Како што пренесува дописникот на МИА од Берлин двајцата косовски граѓани биле ослободени поради недостиг на докази дека сакале да постават екслплозивна направа во трговски центар во Дуисбург.
- И покрај интензивната истрага за сомненијата против лицата кои што се под салафистичко влијание не дојдовме до поконкретни сознанија и докази за нивните намери, се вели во изјавата на полицијата во Дуисбург.
По добиени сознанија од разузнавачките служби за можен напад на трговскиот центар и божиќниот панаѓур во центарот на Дусибург во петокот полицијата спроведе целосна евакуација на посетителите, а подоцна пребаруваше десетина апартмани и комерцијални објекти.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Нашите градоначалници покажаа како се работи
-
Ѓорѓиевски: Дигитално Скопје – град без хартија
-
Шукова: Инвестиции во пешачката и велосипедската инфраструктура
-
Директор на училиште вршел притисоци
-
Рибарски мрежи извадени од Охридското езеро
-
Пчеларите бараат повисоки субвенции и поголема промоција на пчелните производи
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ ја претстави програмата во Свети Николе и Штип