-->
-->
Ослободени 758 регрути уапсени по пучот во Турција
-->
Судот во Истанбул ослободи денеска 758 од 989 регрути, кои беа уапсени во рамки на истрагата за обидот за пуч на 15 јули во Турција.
Откако дале изјави, Главното републичко обвинителство во Истанбул побара ослободување на овие регрути, а судот ја донесе одлуката оценувајќи дека повеќе нема потреба за нивно притворање, имајќи предвид дека не претставуваат опасност.
Меѓу ослободените се наоѓаат и питомци на воената академија.
Според податоците на турскиот министер за внатрешни работи Ефкан Ала, повеќе од 9.000 лица, главно припадници на армијата, се уапсени во акциите по неуспешниот преврат против претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Барањето за 450 евра минималец на првата седница на економско-социјалниот совет
-
Приватните превозници ќе возат до 11 часот, додека ЈСП им префрли пари за гориво
-
Преглед на вестите од светот
-
Приватните превозници ги паркираа автобусите
-
Мицкоски во посета на Гевгелија
-
Сиљановска во посета на ГШ на Армијата
-
Управниот суд ја одби тужбата на Јолевски
-
Дурмиши: Ќе работат за добра бизнис клима