Ослободена мечка уловена во стапица кај Дебарски Бањи

Тим од Зоолошка градина Скопје во соработка со Инспекторот за ловство денеска ослободиле возрасна кафена мечка (женка) фатена во стапица за диви свињи. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), мечката била ослободена од сајла околу градниот кош во месноста Пијане во близина на Дебарски Бањи.
-Тимот од Зоолошка градина Скопје заедно со Инспекторот за ловство излегле на местото, со специјално средство ја успале исплашената мечка која била фатена со сајла околу градниот кош, ја ослободиле од стапицата и и ги исчистиле раните од сајлата кои не биле големи. Откако се освестила од опојнито средство, мечката заминала, информира ЦУК.

Екипата на ЗОО-Скопје, во која биле биолог Јорданчо Милошевски и ветеринарниот техничар Сашо Панчев, на повик на главниот инспектор за ловство, Зоран Вуиќ, рано наутро денеска се упатиле на локацијата каде што мечката била заробена. Целата интервенција се одвивала во присуство на полицајци од Полициската станица Дебар.
ЦУК посочува дека интервенирале вработени од Зоолошката градина затоа што се уште не е формиран интервентниот тим на државно ниво за справување со големи цицачи односно неговото формирање е во завршна фаза.
-Благодарност до полицијата, ловочуварската служба на ловиштето Канеш Стогово и месното население. Посебно голема благодарност до тимот од Зоолошка градина Скопје кои на стручен начин успеаја да ја спасат мечката уловена во стапица, наведува Центарот за управување со кризи.
Ново на Сител
-

Тошковски: Одговорност ќе се побара од секој кој со извршување или неизвршување бил вклучен го загадувањето на водата во Гостивар
-

Иран: Секоја британска база што ќе ја користат САД ќе биде легитимна цел
-

Приведен возач-почетник, возел двојно над дозволената брзина на автопат со 211 км/чaс | ФОТО
-

Ангелов: Во Гостивар, вчера и денеска испорачани околу 200.000 литри пакувана вода
-

Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат
-

Тошковски: Во гостиварскиот водовод се врши плакнење и хиперхлорирање
-

Трамп: Иран ќе се соочи со голема воена казна поради нападите на Хутите во Црвеното Море
-

Еден осомничен за обид за тешка кражба во Скопје
