Живот
25. August 2015 - 16:27

Ослабела неверојатни 115 килограми, а сега...

Дваесетгодишната Амелија Џејн Харис за 20 месеци ослабела 115 килограми и иако таа сега изгледа совршено животот и се претворил во кошмар. Таа сега посакува да се врати времето кога таа имала 176 килограми.
 
Амелија ослабела поради Кронова болест, што предизвикува секојдневно измачување со болните црева и сега има 59 килограми.
 
Иако сега има тело како манекенка, таа сонува за своите облини.
 
-Добивам многу комплименти за мојата нова фигура, но јас имам константни болки. Понекогаш се како грчеви, но многу лошо се чувствувам кога се прободувачки болки кои не престануваат. Повеќе не уживам во храната затоа што знам дека ќе ми предизвика болки. Делува бесмислено да се прават здрави оброци кога знам дека ќе ги повратам. Со силни таблети против болки е поподносливо, но тоа го чувствувам како проклетство затоа што знам дека морам да ги пијам до крајот на животот“, раскажала Амелија, пишува „Метро”.
 
Таа се хранела здраво и била среќно и здраво дете, а тежината почнала да ѝ се зголемува во тинејџерските години иако не ја менувала исхраната.
 
-Јадев сè што ќе ми дадеше мајка ми, а тоа беше здрава храна затоа што таа секогаш внимаваше на мојата тежина. Како што мојата половина стануваше поширока, така мојата самодоверба се намалуваше. Тоа траеше додека не завршив училиште и насилниците кои ме исмеваа ги оставив зад себе. Тогаш престанав да се грижам за мојата тежина. На факултет достигнав до 176 килограми, но и понатаму се трудев околу облеката, косата и шминката. Дебело не мора да значи и грдо“.
После 17-от роденден таа сериозно се разболела.
 
-Почнав да повраќам 10 пати дневно, едноставно ништо не можев да задржам во себе. За само 20 месеци ослабев 115 килограми, бев преплашена, вели Амелија.
 
Загрижена поради своето слабеење, Амелија се обратила кај лекар. После неколку месеци, ѝ била дијагностицирана Кронова болест. Веднаш после тоа и` бил препишан коктел таблети, кои мора да ги пие секој ден.
 
„Кога имам добар ден пијам до 70, а ако е лош ден пијам и 100 таблети. Луѓето ми честитаат затоа што ослабев, а јас никогаш не сум се чувствувала полошо. Никогаш веќе нема да бидам дебела, само можам уште да слабеам“.
 
Поради својата болест, не смее да јаде ништо мрсно, а брза храна не јадела веќе три години. Таа е на строга диета и само може да јаде готвено месо и зеленчук.
 
-Знам дека звучи неверојатно, но сè би дала за повторно да имам 176 килограми. Во оваа доба минатата година имав четири работи, а сега сум премногу болна за да работам. Да се биде девојка подразбира и имање облини, а јас сега сум како момче. Ноктите ми отпаднаа затоа што не внесувам доволно хранливи состојки, а исто така ми отпадна и косата, па носам перика. Дури ги изгубив и моите веѓи, па сега самата себе си изгледам како странец“, раскажала несреќната девојка.
 
За жал, Амелија сè уште слабее, а нејзините доктори не знаат зошто. „За некои, јас имам тело од соништата, но за мене тоа е кошмар“.