Оскаровецот заработи 3,7 милиони долари од разводот: Продаде се што го потсетуваше на бившата љубов

Актерот Расел Кроу организираше аукција „Уметност на разводот“ во родната Австралија и доби дури 3,7 милиони долари.

На аукцијата се најдоа над 200 предмети од речиси сите филмови во кои глумеше, како и оклопот и оружјето од филмот „Гладијатор“ кој му ја донесе наградата Оскар, потоа чевлите кои ги носеше во филмот "Romper Stomper", британската морнарска униформа од филмот „Господар и воин“ и виолината од истиот филм која достигна највисока цена. Освен тоа Кроу ги распродаде и автомобилите, моторите, гитарите, уметничките слики, накитот и другите вредности кои го потсетуваат на бракот со Даниел Спенсер.

„Иако сме разделени веќе пет години, нашиот развод е службено заклучен неодамна. Верувам дека двајцата сакаме да се отарасиме од овие предмети. Знам дека тие имаат голема емотивна, па и материјална вредност, но од практична страна, за мене тоа значи дека ќе се ослободам од три полни соби работи кои повеќе никогаш нема да морам да чистам, осигурувам и селам“, рече Кроу.
Даниел и Расел се запознаа уште во 1989 година, а се венчаа во 2002 година и имаат два сина - Чарлс (14) и Тенисон (11).

Ново на Сител
-

Уапсен ограбувачот на филијали за брзи кредити
-

Поради невремето две големи дрвја паднаа во Капиштец, целосно го блокираа сообраќајот кај Козара
-

Албанија екстрадира во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога
-

Уапсени двајца полицајци соучесници на грабежот во златара во Гостивар
-

Уапсен директорот на Комунална хигиена
-

Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар
-

Баба и внука нападнати во својот дом во Чаир од страна на четири лица
-

По сообраќајка на Бит Пазар, физичка пресметка со остар предмет, а потоа истрели од оружје
