Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
Лишени од слобода биле двајца кавадарчани, од страна на полицијата, ноќеска петнаесет минути пред полноќ, бидејќи со метален предмет оштетиле брави, електронски читачи и катанец на сандачиња од перална, информираа денеска од СВР Велес.
-Синоќа во 23:45 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода И.Л.(42) и Р.А.(42), и двајцата од овој град, по претходна пријава од кавадарчанецот Г.М.(37), дека во неговата перална во градот, со метален предмет оштетиле брави, електронски читачи и катанец на сандачиња и од нив одзеле 2.250 денари во разни апоени. Парите се пронајдени и ќе му бидат вратени на сопственикот, а И.Л. и Р.А. биле приведени во полициска станица и по документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, појаснија од СВР Велес.
Ново на Сител
-
Приведен 30-годишник за извршена тешка кражба
-
Трамп ја овластил ЦИА за тајни операции во Венецуела
-
Осумнаесет години од загинувањето на Тоше Проески
-
Ќе се дистрибуира доверливиот материјал до ОИК за локалните избори
-
Дел од корисниците во Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров денеска без струја
-
Времето променливо облачно со повремени врнежи од дожд
-
Украина без струја по руски напади
-
Руте најави дополнителни мерки на НАТО за борба против дроновите