Оштетените штедачи од Еуростандард на средба со премиерот неделава, очекуваат поддршка за законот за обештетување
Оштетените штедачи од Еуростандард банка најавуваат дека неделава ќе имаат средба со премиерот Зоран Заев, иницирана од владината служба, на која очекуваат поддршка и од владеачката партија за предлогот закон за обештетување.
Од Здружението информираат дека по средбата одржана за време на мирниот протест е предаден на претсавници на релеватни политички партиипредлог закон за обесштетување, кој потоа како доработена верзија им бил презентиран на нова работна средба минатата недела на која присуствувале Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ и Димитар Апасиев од Левица, но не присуствувале претставници од владејачката партија.
-Многу значајно за нас е тоа што за оваа недела, на предлог и иницијатива на службите на Владата, веќе е договорена средба со премиерот, г-динот Заев, на која очекуваме дека ќе биде потврдена поддршката која и оваа партија ја даде претходно, со што ќе се потврди позитивното расположение на сите партии да се донесе овој закон кој ќе ја исправи неправдата која им беше нанесена на штедачите, правни и фзички лица, и уште побитно за сите граѓани и самата држава, ќе создаде основа државата да ги употреби сите механизми да ги открие криминалите во и околу Еуростандард банка и да ги спречи таквите појави во иднина, со што навистина ќе се потврди владеењето на правото и стабилноста на банкарскиот систем кој деновиве, од страна на чуварот на тој систем, НБРМ, преку медиумите постојано се прикажува како таков,наведуваат во соопштение од Здружението.
Ново на Сител
-
Фицо најави нормализирање на односите помеѓу Словачка и Русија
-
Француската полиција елиминира Тунижанец откако тој со нож избоде пет лица
-
Успехот создава зависност да истражуваш уште повеќе | Ангела Шаровиќ Иванова | Sitel Podcast 112
-
Вучиќ првпат откри што ќе работи откако ќе ја напушти власта
-
Путин: Русија никогаш не била против членството на Украина во ЕУ
-
Арсовска: Ова е системска победа за жртвите на насилство, за секоја жена и мајка, за напад кој претставуваше и атак врз институцијата градоначалник
-
Костадинов: Струмичките пожарникари ќе бидат најплатени во државата, плата од 80.000 денари
-
Македонија за една деценија изгубила 30.000 ученици