Македонија
1. December 2019 - 10:52

Оружје и муниција откриени во „мерцедес“ на стружанец, сопатникот доби кривична

Регионалниот центар за гранични работи Запад поднесе кривична пријава против С.В.(41) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 6. септември годинава во с.Мали Влај извршиле преглед на патничко возило ,,мерцедес“, управувано од Д.М.(37) од Струга, во кое сопатник бил пријавениот, при што пронашле и одзеле две ловечки пушки, 12 куршуми за ловечка пушка, пиштол ,,црвена застава“ со една рамка и осум куршуми.