Ортега: Мадуро е вмешан во голем корупциски скандал
Сменетата државна обвинителка на Венецуела, Луиса Ортега, изјави дека има доказ дека претседателот Николас Мадуро и неговот потесен круг соработници се вмешани во голем корупциски скандал во бразилската градежна компанија „Одебрехт“.
-Тие се многу загрижени и уплашени, бидејќи знаат дека имаме детали за нивната соработка, износите и луѓето кои се збогатиле, како и дека со истрагата се опфатени Николас Мадуро и неговот потесен круг, изјави Ортега на состанокот на државните обвинители на Латинска Америка во Мексико, пренесоа француските медиуми.
Канцеларијата на Ортега на почетокот на август беше опколена од припадници на Националната гарда, а набрзо потоа таа беше сменета од функцијата.
Тоа се случи на еден ден откако Ортега, како што тогаш јавија британските медиуми, од судот побара да нареди одложување на инаугурацијата на новото Уставотворно собрание, за кое претходно процени дека власта ги лажирала изборите за делегати во ова тело.
Ново на Сител
-
Религијата мора повеќе да се вклучи во решавањето на светските конфликти, а не преку неа да се разгоруваат војните
-
Преглед на вестите од светот
-
Една година Влада - отчет на премиерот Мицкоски
-
Бугарија го спори извештајот на ЕП за Македонија, Георгиев вели дека нема тежина
-
Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-
Годинава се очекуваат околу 24 милиони килограми тутун, неизвесно дали и сега ќе се откупува само во прва класа
-
Извештајот за Македонија утре на втор обид за гласање, Вајц не сака да го коментира исходот предвреме
-
Ново поскапување на дизелот, за една недела поскапе за 7 денари