Орхус и Пафос престолнини на европската култура во 2017 година
Вториот по големина град во Данска - Орхус и градот Пафос на југозападниот брег на Кипар ќе ја делат титулата „Европска престолнина на културата“ во 2017 година. Ја преземаат од шпанскиот град Сан Себастијан и полскиот Вроцлав кои годинава го славеа европското културно наследство.
Темата за Орхус – Град на културата 2017 е Rethink (Преиспитување) која, според организаторите, всушност е многу повеќе од само тема. Тоа е ментален склоп. Напреден начин на размислување, за отворено дејствување и мислење, различно и подобро денес од она што сме го имале вчера. Унапредување на развојот на секоја област во општеството која ќе помогне да се обликува заедничка иднина.
Свеченото отворање на Пафос – Град на културата 2017 е инспирирано од темата „Мит и религија“ и потсетува на Пигмалион и Галатеjа и резултатот на нивната љубов Пафос. - Тој е веќе уметничко дело откога Галатеја беше статуа што оживеа. Главната цел е поставена: враќање на Пафос како град на креативност и културна продукција. Настанот повторно ќе го стави Пафос на културната мапа како место на креативност и перспектива, наведуваат организаторите.
Европската комисија секоја година одредува почесен домаќин на овој проект. Традицијата почна во 1985 година, кога Атина беше културна престолнина на стариот континент. Целта е да се промовира чувството на заедништво во ЕУ, но на лауреатот тоа му носи и пари од европските фондови, со што земјите можат да финансираат големи проекти и програми од областа на културата. Критериум за избор е подготвеноста на градот да ги организира случувањата кои траат цела календарска година.
За изборот решава независна меѓународна комисија во Брисел, а одлуката ја носи четири години однапред. Неа ја разгледува и Европскиот парламент, а ја изгласува Советот на Европската унија.
Во 2018 година престолнини на културата во Европа ќе бидат холандскиот град Леуварден и главниот град на Малта, Валета, во 2019 - италијанскиот Матера и бугарскиот град Пловдив, во 2020 Риека во Хрватска и Голвеј во Ирска. хс/са/07:59
Ново на Сител
-
Иванов: Секое решение за Вардариште ќе трае со години
-
Тема на денот со Татјана Чакулев, О2 иницијатива
-
Почна судењето за Беланоца
-
Мицкоски: Кога СДСМ е на власт ги злоупотребува тајните служби за да не следи
-
До Здравство доставени 8 досиеја на кардиолошки пациенти за кои постои сомнеж дека непотребно биле оперирани
-
МВР набавува 120 возила
-
Почна судењето за Беланоца
-
Македонија на 3-то место по раст во БДП според Евростат - Во 2 квартал економијата пораснала 3,4%