Орден за заслуги за кучето што го одбрани Обама од натрапници
Белгискиот овчар кој го одбрани поранешниот американски претседател Барак Обама од натрапници во Белата куќа е одликуван со Орден за заслуги, што го доделува британската ветеринарна добротворна организација ПДСА.
Кучето Хурикејн (Hurricane), чие име во превод значи ураган, е прво животно од странство што ја добило таа награда, која ќе биде врачена на церемонија во Лондон во октомври годинава.
Хурикејн, кој некогаш работеше за тајната служба, во октомври 2014 година ги пресретна насилниците, кои ја прескокнаа оградата на Белата куќа.
Еден од нив го удирал и шутирал кучето, но Хурикејн го соборил и влечел по земја и на тој начин им овозможил на агентите од тајната служба да го фатат. Благодарение на него, Обама, кој во тоа време бил во Белата куќа, не беше повреден.
Маршал Мирачи, кој работеше со Хурикејн, го опиша како „легенда“ на тајната служба. Тој додаде дека повредите со кои Хурикејн се здобил во инцидентот придонеле тој да се пензионира од тајната служба во 2016 година.
Ново на Сител
-
Израел и Хамас се договорија за првата фаза од договорот за мир
-
Приведени 6 лица за тендерски малверзации во РЕК Битола
-
Сведочење во Кривичен: Пред Нино Васев не биле давани лекови на реверс на Онкологија
-
Од булевари и подземни улици до социјални мерки - Ветувања на кандидатите за градоначалници на Скопје
-
Локални избори 2025
-
Изборна кампања
-
Управниот суд ја отфрли тужбата на Левица против АВМУ, останува без можност за платено рекламирање за изборите
-
Онлајн купувањето станува поскапо - 18% ДДВ и за нарачките под 22 евра