Орбан: Зачленувањето на Северна Македонија во ЕУ оди бавно, за тоа не е одговорна земјата, туку Европската Унија
Северна Македонија може да смета на поддршката од Унгарија на нејзиниот евроинтегративен пат. Процесот на зачленување на Северна Македонија во Европската Унија трае премногу долго, а за тоа не е одговорна Северна Македонија, туку членките на Европската Унија, изјави попладнево од Будимпешта унгарскиот премиер Виктор Орбан на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер Христијан Мицкоски, јави специјалниот известувач на МИА.
- Не само што е срамно што овој процес толку бавно оди напред, а за тоа не е одговорна Северна Македонија, туку ние, членките на Европската унија. Затоа ние го поддржуваме залченувањето на Северна Македонија. Европската Унија мора да ја подобри конкурентноста и не гледам друго решение за подобрување на конкурентноста од проширувањето. Досега секое проширување на Европската Унија донесе само добро, рече Орбан, додавајќи дека диктат од ЕУ, Унгарија нема никогаш да прифати и дека затоа мора да плаќаат казни.
Во однос на билатералните односи, Орбан рече дека трговската размена постојано расте и дека од 2010 година досега е седумпати зголемена.
- Северна Македонија и Унгарија заедно со Србија припаѓаат на иста економска регија. По наше мислење овој простор може да биде заедничка економска зона каде што соработката може да донесе огромен еконосмки потенцијал. Проблем е тоа што ние сме во Европската Унија, а овие две држави се надвор од Унијата. Што можеме да направиме? Можеме да изградиме најинтензивни билатерални односи, рече Орбан.
Најави дека се подготвува и потпишување на меѓувладина економска спогодба.
Во однос на војната во Украина, Орбан рече дека Унгарија останува на ставот дека војната треба да прекине и дека ги поздравуваат преговорите меѓу САД и Русија.
- Три години живееме во сенката на војната. Ние ги поздравуваме преговорите меѓу САД и Русија и сме заинтересирани за успешен исход. Ние им се спротиставуваме на оние држави од Европската уинија, кои се наши пријатели и сојузници, но кои решија дека војната во Украина мора да продолжи. Продолжувањето на војната е лошо, погрешно и грешка. Во четврток за тоа ќе зборуваме во Брисел, рече Орбан.
Двајцата премиер разговарале и за миграцијата, а од страна на унгарскиот премиер биле поздравени напорите на Северна Македонија за чување на границата.
Ново на Сител
-
Едно лице загина, а две се тешко повредени на автопатот Тетово - Гостивар
-
Зеленски е подготвен да го потпише договорот за минерали и безбедност со САД под силно водство на претседателот Трамп
-
Мемеди: Во стабилна состојба детето затруено со таблети, продолжува неговата опсервација
-
Сообраќајка на автопатот Тетово - Гостивар, возилата се пренасочуваат
-
Петгодишно дете се затруло со таблети во Делчевско
-
За 4.000 евра дала на посвојување новородено бебе - кривична и притвор за жена од Куманово и уште четири лица
-
46-годишна жена измамена за 600 евра
-
Кривична за двајца полицајци за злоупотреба на службената положба