-->
-->
Орбан: Унгарија воведе притвор за мигранти
-->

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан изјави денеска дека му пркоси на Брисел со тоа што повторно вовел притвор за мигранти кои пристигнуваат во земјата, а тоа го направил поради неодамнешните терористички напади во Европа.
- Ние повторно воведовме притвор за оние мигранти на кои барањето за влез во Европа се уште не е разгледано, истакна Орбан.
Според него, се додека нивното барање не биде разгледано, тие не можат слободно да се движат во Унгарија.
Унгарија во 2013 година го суспендираше законот за притвор, но Орбан објасни дека сега повторно „постои потреба за тоа по терористичките напади во Европа“.
- Секој закон што ги олеснува терористичките напади мора да биде променет во интерес на нашата одбрана, нагласи Орбан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
