Орбан: Украина е непријател на Унгарија, бараше да не добиваме руски енергетски резерви

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека Украина е непријател на Унгарија затоа што барала од Брисел Унгарија да не добива евтина руска енергија.
Орбан на митинг во Сомбател, во западна Унгарија, изјави дека Украинците мора да се откажат од своите постојани барања во Брисел да ја исклучат Унгарија од добивање евтина руска енергија, објави порталот Hirado.hu.
„Додека Украина го прави ова, нашиот непријател ги крши нашите основни интереси“, рече Орбан и истакна дека, доколку не беа руската нафта и гас, Унгарија ќе мораше да плаќа неколку пати повисоки цени од сегашните.
Тој истакна дека Украина не треба да стане членка на ЕУ во догледна иднина затоа што, како што изјави, Киев претставува постојана закана од војна.
Тој, исто така, предупреди дека ако Украина стане членка на ЕУ, тоа ќе доведе до уништување на централноевропското земјоделство и економија затоа што украинските производи се поевтини.
„Мораме да соработуваме со Украинците, но нема прашање за членство“, заклучи Орбан.
MИА
Ново на Сител
-

Над 60 дoмаќинства без покрив над глава по излевањето на Зајаска Река во Кичево
-

Доколку Радев стане премиер на Бугарија, се очекува уште позаострен дијалог со Македонија
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Кичево под вода
-

Партиски игри го кочат стартот на анкетната комисија
-

Касами, Меџити, Сали и Фетаи се поблиску до формирање на партија ВРЕДИ
-

СДСМ бара повлекување на законот, ВМРО-ДПМНЕ тврди се прават реформи за поправање на грешките од минатото
-

Камионџиите чекаат решение од ЕУ: Времената мерка може да го олесни престојот
