Орбан: Ситуацијата е таква што „една грешка може да прерасне во светска војна“
Премиерот на Унгарија Виктор Орбан денеска изјави дека ситуацијата во светот е таква што „и само една грешка може да прерасне во светска војна“ и додаде дека пристапувањето на Украина во Европската унија не може да се оствари со „правни трикови“ кои ја заобиколуваат Унгарија.
-Ситуацијата е таква што и една грешка може да прерасне во светска војна. Не постои рационално пресметлив процент на опасност, туку конфликтна ситуација во која дури и една грешка на помоќен играч може да резултира со било што, дури и со светска војна, рече Орбан пред неформалниот самит на ЕУ во Копенхаген, пренесува унгарската новинска агенција МТИ.
Говорејќи пред новинарите пред состанокот, Орбан рече дека слушнал изјави кои упатуваат на „правни трикови“.
-Досегашните процедури за проширување се водеа во строго уредена постапка, мораме да се придржуваме до тоа, додаде Орбан, наведувајќи дека отворањето и затворањето на секоја област бара глас од секоја држава членка.
Пристапувањето на Украина беше предмет на референдум во Унгарија, а „унгарскиот народ одлучи да не го поддржи“, рече Орбан и истакна дека Унгарија, „за разлика од многумина други“, е демократија во која народот одлучува за важни прашања.
Според Орбан, Унгарија ја поддржува стратешката спогодба со Украина, но не и нејзиното членство во ЕУ бидејќи тоа би значело „воведување на Европската унија во војната Русија-Украина“, додавајќи дека членството на Украина би значело дека „поголемиот дел од средствата на ЕУ ќе одат во Украина“.
-Не знаеме каде е нејзината источна граница, не го знаеме бројот на нејзините жители и не може да стои на сопствени нозе, наведе Орбан, со оценка дека Украина „не е суверена држава“.
Во врска со планираниот ѕид против дронови на источната граница на ЕУ, Орбан рече дека Унгарија ја поддржува целата воена соработка.
-Ако нешто влезе во Унгарија што нам не ни припаѓа, ќе го собориме. Со ѕид против дронови или без него, истакна унгарскиот премиер.
МИА
Ново на Сител
-
Путин: Се обидуваат на Москва да ѝ нанесат стратешки пораз, но тоа е невозможно
-
Најмногу дожд во Пожаране и Ѓуриште, најстудено на Попова Шапка
-
Набавени 80 000 вакцини против сезонски грип, имунизацијата ќе почне во втората половина на октомври
-
Камион излетал од патот Деве Баир - Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот е во прекин
-
Мерц: Решени сме да ги користиме замрзнатите руски средства за да ѝ помогнеме на Украина
-
Приведен кумановец, подолго време следел и вознемирувал 28-годишна девојка
-
Муртезани: Кај премиерот и Владата постои сериозна одлучност за надминување на спорот со Софија по изборите
-
Ѓорѓиевски: Нашата единствена опција е да одиме напред кон поврзаност, иновации и знаење