Орбан и Бабиш го негираат тврдењето на Меркел дека ќе потпишат договор за мигрантите
Унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа негираше дека Унгарија е една од 14-те земји, кои се подготвени да потпишат договор со Германија за забрзување на процесот на реадмисија на барателите на азил депортирани од Германија, а чешкиот премиер Андреј Бабиш, исто така, одлучно ја отфрли веста дека меѓу овие земји е и Чешка .
Орбан изјави за новинската агенција МТИ дека овој извештај е „вообичаен политички блесок" и дека таквиот договор не е постигнат.
Германската канцеларка и претседателка на Демохристијанската унија (ЦДУ), Ангела Меркел вчера им испрати извештај, под наслов „Повеќе ред и правила во политиката за миграција: ситуацијата по самитот на ЕУ 28/29 јуни“, на коалициските партнери Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) и на Социјалдемократската партија Германија (СПД).
Портпаролот на Орбан, Берталан Хаваси, изјави за МТИ дека ставот на Унгарија за мигрантите не е променет од 2015 година и дека ниту еден барател на азил не може да влезе во Унгарија откако тој веќе влегол во Грција или во друга земја-членка на ЕУ.
Во извештајот се наведува дека 14 земји-членки и рекле на ЕУ дека се подготвени да потпишат договори со Германија за прием на барателите на азил, кои претходно веќе се регистрирани во нивните земји. Меѓу овие земји се наведени некои од најгласните во спротивставувањето на мигрантската политика на отворени врати на германската канцеларка, вклучително и Унгарија и Чешка.
Ново на Сител
-
Голем пожар во Карпош, зафатени повеќе куќи
-
11-годишно дете се бори за живот по тешка сообраќајка на патот Прилеп–Градско
-
ЦУК: Активни осум пожари, 12 изгаснати, еден ставен под контрола
-
На „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу еден час
-
Сиљановска-Давкова: „Галичка свадба“ ја отсликува македонската народна традиција и култура
-
Мицкоски: Автопатот кон Охрид со години беше симбол на застој- сега ќе биде симбол на успех и одговорна работа
-
Убиецот ги поканил роднините на гости, инсистирал да присуствува и детето - Расчистено е тројното убиство
-
Мицкоски присуствуваше на епископската хиротонија на архимандритот Георгиј