Орбан: Европските лидери треба да ја променат миграциската политика
Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги повика синоќа европските лидери да ја изменат миграциската политика и да ги вклучат избирачите во дебата за иднината на континетот, во спротивно ќе се соочат со политичка криза и закана за демократскиот поредок.
Орбан, кој денеска ќе се обрати на Конгресот на Европската народна партија во Мадрид, изјави за државниот ТВ канал М1 дека европските лидери немаат мандат да пуштаат стотици илјади имигранти да влегуваат во Европската унија со мошне мала или никаква контрола.
- Поставувањето на оградата од страна на Унгарија на нејзината јужна граница има за зел да не ги пушти имигрантите во Европа, а не да ги насочува кон друга маршрута кон Германија, нагласи тој.
Орбан додаде дека ги повикал балканскитге соседи на Унгарија да помогнат во пресекувањето на мигрантскиот прилив.
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска