Орбан: Европа не сака претседател на САД кој ќе извезува демократија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Европа не сака американски претседател кој ќе ги наметнува своите демократски вредности по целиот свет и нема да ја дестабилизира состојбата во одредени региони.
- Европа би претпочитала администрација на САД, која нема да се стреми кон извоз на демократија или дестабилизирање на региони. Спротивно, подобро е да ги почитува суверенитетот на нациите во однос на миграцијата, посочи Орбан за порталот „Ориго“.
Тој истакна дека „такви се ставовите на Доналд Трамп, додека во исто време Хилари Клинтон зборува за зачувување на работите, од кои страда Европа“.
Орбан за иднината на Европска унија и за безбедноста на границите наведе дека внатрешните граници на ЕУ треба да се заштитат од неконтролираните мигрантски бранови, а во спротивно повторно ќе има проблеми.
- Границите не треба да се отстранат туку да се користат за безбедноста, потенцира Орбан.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Андреј Жерновски, СДСМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Зелени грантови за домаќинствата и бизнисите во Босилово
-

Над 200 евакуирани во Кичево поради поплава
-

СДСМ со нови обвинувања за тендери, ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла како популизам
-

Обвинувања за поврзаност со бизнисот со канабис - нова политичка пресметка
-

Мицкоски од Минхен: Не ни треба процес без крај, туку предвидлива европска иднина
-

МОН од утре ќе организира јавни дебати за Законот за високо образование
