Орбан: ЕУ треба да ги депортира сите илегални имигранти

Унгарскиот премиер Виктор Орбан смета дека Европската унија треба да ги приведе и депортира сите илегални имигранти и да ги смести во бегалски камп под европски надзор надвор од границите на Унијата, од каде ќе можат да поднесуват барања за азил.
- Тоа би можело да биде остров или крајбрежна зона во северна Африка, но безбедноста и снабдувањето треба да бидат гарантирани од ЕУ, што е во нејзин интерес, рече Орбан во интервју објавено денеска на новинарскиот сајт „Ориго“.
- Треба да создадеме големи бегалски кампови надвор од ЕУ, со вооружена заштита и финансиска поддршка, обезбедена од Унијата. Сите кои пристигнале нелегално треба да бидат фатени и депортирани таму. Од таму ќе можат да поднесат барање за азил, појасни Орбан.
Според него, ова е „тешка морална задача“, но е единствената алтернатива на тоа „мигрантите да останат во Европа, за бидат раселени низ континентот и да создаваат натамошни проблеми“.
- Раселувањето не е мерка од која ќе има некаква корист, бидејќи оние кои сакале да одат во Германија, веднаш ќе се вратат таму по раселувањето, додаде Орбан.
- Има само едно решение, корисно за сите, и за нас, кои се уште не сме во тешка состојба и за земји како Германија, кои се веќе длабоко погодени. Надвор од Унијата, порача Орбан.
Тој повтори дека надворешните граници од ЕУ треба да се бидат заштитени со цел да не се дозволи повторување на мигрантскиот бран од 2015 година.
Ново на Сител
-

Срдановиќ ги најави следните чекори: Членство во ЕУ, закон за лустрација и дијалог за Косово согласно Уставот на Србија
-

Ѓорѓиевски: Редовна акција за темелно чистење на плоштадот „Македонија“, повторно оживува и подната фонтана
-

Срдановиќ: Нема да ги злоупотребуваме отворените прашања со Хрватска
-

Видливи повреди забележани кај ученичка од основно училиште во Велес - МВР го расчистува случајот
-

Кривична за 19-годишен скопјанец - вонбрачно живеел со малолетно девојче
-

81-годишна жена починала откако била прегазена од автомобил
-

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание, Хаџиу
-

Николоски за проблемот на транспортерите: Можеме да одржуваме одлични конференции, но ако останеме затворени, беспредметен е секој разговор
