Орбан: Додека Трамп е претседател, нема да има санкции за Унгарија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека американските санкции за рускиот гас и нафта нема да бидат воведени за Унгарија сè додека тој е премиер на земјата, а Доналд Трамп е претседател на Соединетите Американски Држави.
Тој рече дека со Трамп „се ракувал“ во врска со изземањето на Унгарија од американските санкции за нафтата на неопределено време и истакна дека не е претерување да се каже дека штотуку завршиле „досега најважните преговори во годината“, пренесува МТИ.
Орбан додаде дека влогот за Унгарија не можел да биде поголем, бидејќи доколку стапеле во сила американските санкции за руските енергетски извори, трошоците за комунални услуги би се зголемиле двојно или тројно, а цената на бензинот би пораснала за 2,5 евра по литар до Божиќ.
- Вистинска катастрофа. Успеавме да ја спречиме оваа опасност. Така што унгарските семејства ќе можат да имаат Божиќ каков што посакуваат, изјави Орбан.
МИА
Ново на Сител
-

Три лица осомничени за криминал од 2 милиони евра со регистрација на возила
-

СДСМ: Историско задолжување
-

Економијата во вториот квартал со раст од 4,3%, што е најдобар во последните 10 кавртали
-

Нови комунални возила за општините
-

Седми смртен случај од западно-нилска треска во Македонија
-

Клековски: 13-годишното дете со убод во срцето е во стабилна, но се уште во животно загрижувачка состојба
-

Со донација е обезбедена терапија за пациенти со хемофилија
-

„Нешто што ќе остане по четвртипат“ – 50 години Центар ги славиме со најдоброто од македонската музика
