Oраторска вечер „Петар Поп Арсов“ во Велес
Во театарот во Велес синоќа се одржа 7. традиционална ораторска вечер „Петар Поп Арсов“.
На ораторската вечер насловена „Образованието е пат кон личниот успех и успех на државата“ учествуваа десет млади оратори од Струмица, Градско, Неготино, Охрид и Велес. Ораторската вечер се одржа во организација на УМС на ОК на ВМРО-ДПМНЕ.
Професорката Анита Мирчева од жири-комисијата на ораторската вечер, која има и натпреварувачки карактер, истакна дека одлучиле првото место да и припадне на Ангела Илоска од Охрид, второто на Донка Илчева и третото место на Филип Аргон од Велес.
Првопласираната Ангела Илоска, студент на Факултетот по медицина во Скопје, изјави дека ова и е втор настап, а првиот и бил минатата година на ораторската вечер во Битола.
- Јавното изразување е едно од најсилните алатки која ја поседуваме и една од основите на комуникација особено во современиот свет. Тоа беше она што ме мотивира, потенцира Илоска.
Живе Катранџиев, претседател на УМС на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Велес во својство на организатор на манифестацијата рече дека ораторската вечер од година во година е се подобра и поквалитетна.
- За квалитетот и реномето на ораторската вечер потврда е тоа што освен од Велес има пријавено и млади оратори од други градови од земјава. Воедно, факт за квалитетот е тоа што минатогодишниот победник на ораторската вечер во Велес, Стефан Николовски учествуваше и на Регионалната ораторска вечер и беше победник и таму, а воедно и на финалната ораторска вечер на Македонија успеа да го освои второто место,потенцира Катранџиев.
Ново на Сител
-
Тркалезна маса „Дали ни е потребен Закон за Уставниот суд“
-
Најмногу дожд во Прилеп, времето денеска променливо облачно со сончеви периоди
-
ФФМ: Целосно ќе го исчистиме ѓубрето во македонскиот фудбал
-
Во Кривичен продолжува судењето за убиството на Вања и Панче, Палевски ќе одговора на прашања од Обвинителството
-
Без струја делови од неколку скопски општини
-
Дваесет и четири години од масакрот на припадниците на безбедносните сили во Вејце
-
Владата и парламентарното мнозинство се стабилни и покрај превирањата во Вреди, после 1 мај ќе се знае дали Таравари останува
-
Северна Кореја потврди дека испратила војници во Русија да се борат против Украина