Општинскиот совет за безбеднoст во сообраќајот на Охрид меѓу најактивните и најуспешните во земјата

Советот за безбедност во сообраќајот на град Охрид е меѓу најактивните и најуспешните совети во земјава. Тоа го истакна претседателот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата Стојче Стаменковски кој викендот заедно со претставници на Републичкиот совет беше во посета на општинскиот совет во Охрид.
На средбата со претседателот на Охридскиот совет за безбедност во сообраќајот Стефан Димоски и членот на советот Флорентина Стерјовска тие беа информирани за досегашната работа на општинскиот совет, како и за реализираните проекти од јуни оваа година кога телото доби ново раководство.
Тема на разговор меѓу другото на средбата била втората национална стратегија на Република Македонија за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата 2015-2020 година, што има за цел бројот на жртвите во сообраќајните незгоди до 2020 година да се намали до просекот во рамки на државите-членки на Европската унија.
Претседателот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата притоа изнел предлог општинскиот совет од Охрид да започне подготовка на Локална стратегија за унапредување на безбедноста во сообраќајот на патиштата во Охрид, со што општината би била првата во Република Македонија со таков документ.
За Димоски локалната стратегија ќе претставува приоритетна стратешка и програмска определба на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, чие имплементирање секако ќе ја зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот на локално ниво.
Притоа најавени се и повеќе активности на Советот за безбедност во сообраќајот во Охрид што во наредниот период ќе се реализираат не само со ранливите категории учесници во сообраќајот, туку и со повеќе други целни групи
Ново на Сител
-

Унијата ќе воведе радикални мерки за штедење
-

Сејф сити: Зголемен бројот на прекршоци во март во споредба со февруари
-

Објавен оглас за прием на нови 300 професионални војници - армијата го одбележа денот на Првата пешадиска бригада
-

Ахмети: Секој што ќе го допре албанскиот јазик ќе добие одговор
-

Стартува изградбата на далекуводот Битола - Елбасан
-

Иднината на работата во ерата на вештачката интелегенција
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжува судењето за самоубиството во Карпош
