Општинскиот инспекторат ги информирал надлежните инспекции да извршат увид во велешка Маслодајна
Општинскиот инспектор за животна средина веќе доставил писмено известување до сите надлежни инспекции во државава да направат увид во работењето и техничката исправност на апаратурата во фабриката за масло „Благој Ѓорев“ во Велес откако во петокот избувна пожар во силос полн со 400 тони пелети од сончогледови лушпи.
Како што информира за МИА, општинскиот инспектор за животна средина Билјана Шуркова Манаскова, тие веќе се во подготовка за казнена мерка против фабриката поради тоа што навреме не биле известени за пожарот, што предизвика загадување на воздухот во градот и поради опасноста да се предизвика поголема катастрофа.
Таа информира дека од денеска од кругот на фабриката почнале да се изнесуваат изгорените пелети кои беа оставени на бетонска подлога во дворот на фабриката да се изладат, а оваа акција на нивно отстранување од кругот на фабриката ќе трае до 3 октомври.
Инаку од 400 тони пелети од сончогледови лушпи од силосот кој гореше, 150 тони навреме беа извлечени и префрлени во друг силос. Пелетите од сончогледови лушпи кои се користат за еден од котлите за затоплување на фабриката беа складирани во силос за сончоглед, а кои се запалија изминатиот петок во 14 часот. Во силосот кога избувна пожарот не работела сондата која треба да ја покажува температурата, што е една од причините што веднаш не се реагирало.
Запалените пелети во силосот на Маслодајна, како што посочи Шуркова Манаскова, моментално минимално тлеат и наскоро ќе се изгаснат.
Ново на Сител
-

Адем Чучуљ избран за претседател на ДКСК
-

Герасимовски: Започна поставувањето на 30 дигитални уреди за бучава, 19 веќе се инсталирани во Центар
-

Во ноември отстранети 1 500 кубни метри отпад од диви депонии низ Скопје
-

Федерика Могерини официјално обвинета за измама и корупција
-

Камбовски: Судскиот совет е во тек и ги презема потребните дејствија да утврди дали има некаков пропуст кај судот за случајот „Дурмо турс“
-

Северна Македонија и Србија ја унапредуваат соработката, посебен акцент е ставен на инфраструктурното поврзување
-

Во автомобил управуван од 21-годишник и малолетен сопатник пронајден пиштол
-

Раководството на СДСМ си поднесе оставка

