Општините лани спровеле јавни набавки во вредност од 97 милиони евра
Вредноста на јавните набавки на општините во минатата година изнесува 97 милиони евра, што е за 17 милиони евра, односно за 21 процент повеќе од 2017 година, покажува Базата на податоци за општинските тендери за 2018 година, што ја објави денеска Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).
Базата содржи податоци за сите 3.898 договори за јавни набавки што локалните власти ги склучиле со 1.331 фирма.
– На врвот според договорите за јавни набавки останува Град Скопје со 14 милиони евра, но и со огромен пораст на вредноста на јавните набавки во однос на претходната година од 42 проценти, односно за 4,2 милиони евра. Куманово со 4,9 милиони евра скокна од ланското трето на второто место, додека Аеродром ја загуби позицијата во првата тројка и на негово место годинава се искачи Струмица со набавки во вредност од 4,1 милион евра. Град Скопје, како најголема единица на локалната самоуправа за јавни набавки троши колку 46 други општини заедно, а 11-те единици на локална самоуправа со најголема вредност на набавките заедно трошат половина од парите, односно колку преостанатите 70 општини, соопшти Центарот за граѓански комуникации.
Фабриката „Карпош“ од Скопје, стои во соопштението, му го презеде приматот на „Пуцко Петрол“, според вредноста на добиените тендери од општините во 2018 година. Во топ-трите фирми влезе и „Пелагонија“ од Гостивар, а „Бауер БГ“ го зачува местото во врвот кое го има со години наназад. И во 2018 година има висока концентрација на мал број фирми во набавките на општините. Така, првите 10 фирми со најголема вредност на договорите за јавни набавки имаат учество од 22 процента во вкупната вредност на тендерите на општините, додека првите 20 фирми, држат дури една третина од вредноста на набавките, наведува ЦГК.
Базата на податоци е интерактивна и овозможува пребарување на тендерите по општини и по фирми, а и дава графички преглед на учеството на фирмите во набавките на секоја општина одделно. Базата содржи податоци и за уделот на набавките во буџетите на општините, како и за вредноста на набавките по жител.
Базата е дел од предвидените десет истражувања и бази на податоци за трошењето на јавните пари кои ќе се реализираат во рамки на активноста Јавно трошење за јавно добро, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на оваа активност е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.
Ново на Сител
-
Канада испраќа во Украина дронови, муниција и оклопни возила вредни милијарда канадски долари
-
Приведен 43-годишен родител на фудбалер, по инцидентот на натпреварот меѓу пионерските екипи на „Шкупи“ и „Брегалница“
-
ФФМ го осуди инцидентот на натпреварот Брегалница – Шкупи: Нема компромис со насилството
-
Димитриеска-Кочоска во Загреб на потпишување Меморандум, Македонија се вклучува во иницијатива за унапредување на пазарите на капитал во Централна и Југоисточна Европа
-
Пропадна уште еден обид за конституирање на Собранието на Косово
-
Српскиот претседател претстави нови економски мерки за подобрување на животниот стандард на жителите на државата
-
Приведен 29-годишник, возел со 171 километри на час на место каде е дозволено 100
-
Приведен 36-годишник, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога