Општина Велес од 27 мај ќе дава субвенции за велосипеди и сончеви колектори
Советот на Општина Велес, на предлог на градоначалникот Аце Коцевски донесе одлука за субвенционирање на купен велосипед од страна на физички лица во вредност до три илјади денари, за што се обезбедени вкупно 500 илјади денари, како и за субвенционирање на купен сончев термаленен колектор во висина до 20 илјади денари, за кој исто така се обезбедени 500 илјади денари од општинскиот буџет, информира на денешната прес – конференција градоначалникот Коцевски.
Тој појасни дека преку соопштенија на локалните медиуми, објави на официјалната интернет страница и Facebook профил на Општина Велес, граѓаните ќе бидат информирани во врска со деталите при поднесувањето на потребните документи за аплицирање за овие субвенции.
-По завршување на сите постапки и процедури, на 27 мај 2020 година, идната среда ќе започне периодот на пријавување на заинтересираните физички лица, а постапката за избор ќе се одвива по принципот „прв дојден – прв услужен“, појасни Коцевски.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии