Oпштина Велес објави јавен повик субвенционирање на дел од трошоците на граѓаните за набавка енергетски ефикасно грејно тело
Општина Велес со цел да ги стимулира жителите (домаќинствата) за примена на почисто гориво и поквалитетни печки за затоплување на своите домови, кои имаат повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот, ќе субвенционира дел ид трошоците за ваквата набавка.
Субвенционирањето важи за грејни тела купени од денот на објавување на Јавниот повик до денот на неговото авршување на 25 октомври. Согласно одлуката на Општина Велес, субвенции до најмногу 15 илјади денари ќе можат да добијат 34 велешки семејства.
Како што информираат од Општина Велес, предност ќе имат семејствата со невработен(и) родител(и), корисници на социјална помош, семејства со член од маргинализирана група, инвалидизирано или хендикепирано лице, како и самохран родител.
Тие појаснуваат дека не се ограничуват и другите семејства, корисници на печки на дрва, нафта или јаглен да аплицират на повикот. Финансиските средства утврдени со Одлука од Советот се доделуваат до целосно исцрпување на истите од Буџетот на општината определени за таа намена.
Ново на Сител
-
Во ЗОО Скопје се роди двогрба камила
-
Тешко повреден малолетник во сообраќајка на патот Охрид-Ресен
-
Над 157.000 Грци се пријавиле за поштенско гласање на евроизборите
-
СПМ повикува на масовна излезност на 8 мај, за иднина и стабилност на државата
-
Уапсени и осудени двајца државјани на Македонија за внесување фалсификувани бланко документи во Грција
-
Александар Николовски од УКИМ избран за претседавач на Националното студентско тело
-
Русија: Убиени пет напаѓачи и двајца полицајци во Република Карачај-Черкезија
-
WhatsApp воведува нова корисна промена