Општина Велес бара изведувач за затворениот градски пазар
Општина Велес вчера преку Бирото за јавни набавки распиша јавен оглас за изведба на покриен градски пазар во Велес, информираше градоначалникот Славчо Чадиев денеска на прес-конференција.
Тој појасни дека во првата фаза се предвидува изведба на подготвителни и земјени работи, потоа армирани и челични конструкции кои се однова на новиот објект. Вредноста на градежниот зафат се проценува на 10,1 милион денари без вклучен ДДВ.
Чадиев преку 3Д-презентација претстави како ќе изгледа покриениот градски пазар, неговата внатрешност, тезгите и влезовите.
- Почетокот на првата фаза значи дека во иднина градскиот пазар ќе стане модерно и урбано место за набавка на земјоделски производи. Новиот пазар ќе значи подобри услови за купувачите, но и за продавачите на стоки, рече Чадиев.
Покриениот градски пазар ќе биде на истата локација каде е постоечкиот, а освен тезги за продажба во него ќе се изградат 16 дуќани, трговска и улица за достава на производи, како и санитарни јазли.
- Се предвидува и нова поделба на реоните во кои ќе се продаваат прехранбени производи, текстил, пластика и друго, појасни Чадиев.
Тој воедно информираше дека јавното отворање на понудите за избор на изведувач ќе се одржи на 21 август во 12 часот во малата сала на Општина Велес. Тоа е рокот до кога сите фирми заинтересирани за изградбата на покриениот градски пазар може да достават понуда. На електронска аукција ќе се избере најповолната понуда, односно најниската понудена цена, појасни Чадиев.
Ново на Сител
-
Над 100 лица уапсени во септември поради поседување на дрога
-
Министерство за образование на Србија: МВР изврши проверки во дел од училиштата, дојавите за бомби се лажни
-
79-годишен дедо од Велес е прво лице во земјава кое ќе издржува куќен затвор со електронска алка
-
Дожд, снег и ниски утрински темеператури
-
Кривична за членка на Судски совет - за патни трошоци го оштетила буџетот во износ од 291.040 денари
-
Претреси во Ѓорче, пронајдена поголема количина кокаин и марихуана
-
Приведен крадец од Тетово
-
Пронајдени оружје и муниција при претрес во Кичево