Општина Струмица почнува со реализација на шестиот Буџетски форум
Општина Струмица од петок почнува со спроведувањето на Буџетскиот форум за 2018/2019 година во рамките на програмата Форуми на заедницата, информираше на денешната прес-конференција раководителот на Одделението за локален економски развој, Тони Милушев.
Овој форум ќе има пет сесии, а првата ќе се одржи в петок во големата сала на домот на АРМ.
– Низ една таква форма на консултација на граѓаните како што се форумите, ги охрабруваме и вклучуваме сите граѓани на општина Струмица, заеднички да размислуваат, да разговараат, да дебатираат и заеднички да се договорат за идните локални политики. Да помогнат во процесот на креирање на локалните политики согласно потребите на граѓаните и во таа насока сите заедно да градиме општина по мерка на граѓаните, општина со буџет креиран на партиципативен начин, буџет креиран токму според потребите на сите граѓани подеднакво, рече Милушев.
На последната седница на Советот на општина Струмица беше донесена одлука на сите сесии на Буџетскиот форум да присуствуваат сите советници и градоначалникот Коста Јаневски.
Ново на Сител
-
СДСМ обвинува за спорни тендери во МВР
-
ВМРО-ДПМНЕ: Најголемите криминали во здравството во времето на Филипче
-
Останува рокот: Aвтопатот Охрид-Кичево готов до крајот на следната година
-
80% од храната што ја јадеме ја увезуваме - како до зголемено земјоделско производство?
-
Од 1-ви септември средно стручно образование за возрасни
-
Преглед на вестите од светот
-
Филипче повикува на средба
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Данаиловски