Општина Струга побара ЈП „Проаква“ навреме да преземе мерки за хлорирање на водата
Претставници на Државниот инспекторат за храна, Регионалниот центар за јавно здравје, јавните претпријатија „Проаква“ и „Водовод“ и општина Струга денеска одржаа координативен состанок за надминуање на состојбата со водата од градскиот водовод, каде микробиолошките анализи направени минатата недела покажале присуство на колиформни бактерии.
Центарот за јавно здравје – Охрид денеска зема нови мостри вода од градскиот водовод, а одговорните од ЈП „Проаква“ тврдат дека неисправноста на водата била поради немање хлор и дека проблемот е надминат. Аднан Речи, одговорен во ЈП „Проаква“-Струга потврди дека на 17 и 18 септември е пронајдена бактерија ешерихија коли во водата од градскиот водовод, но веднаш реагирале со хлорирање и вели дека водата е безбедна за пиење.
Општина Струга соопшти дека на денешниот состанок било побарано ЈП „Проаква“ да ги преземе сите потребни мерки за редовно снабдување со резидуален хлор и перманентно хлорирање на водата од водоводната мрежа, согласно Законот за безбедност на храната и Правилникот за безбедност на водата.
- Доколку по ова укажување не се постапи согласно заклучоците или повторно се појават соодветни неправилности по однос на безбедноста на водата за пиење од водоводниот систем, во соработка со Советот на општина Струга, ќе преземеме и други соодветни законски мерки против сите кои затаиле во спроведувањето на заклучоците и извршување на работните задачи за безбедност на водата за пиење, соопшти општина Струга.
На состанокот било одлучено и хлорот да го набавува ЈП „Проаква“ од Охрид, поради немањето финансиски средства во Струшкото претпријатие, за во иднина да не дојде до ваква состојба.
Ново на Сител
-
Првиот сведок на Палчо: Полицијата го тепаше Видевски за да ги признае убиствата на Вања и Панче
-
Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата
-
Скандалозно судење на дербито Вардар-Силекс
-
Судски Совет: Изречената воспитна мерка за Васил Јованов е согласно законот
-
Интерпелациите за Судскиот совет на седница до 10 март
-
Предлогот за разрешување на Коцевски патува кон Советот на Јавни обвинители
-
Резолуциите во Обединетите нации и денеска причина за обвинувања помеѓу власта и опозицијата
-
Зеленски во петок кај Трамп