Општина Струга ќе гради ново основно училиште

Со донација од збратимената општина Бујукчекмеџе, Општина Струга ќе гради ново училиште до постоечкото „Браќа Миладиновци“. Подготвителните работи почнаа денеска, а официјалниот почеток за градба е најавен за вторник, информира градоначалникот на општина Струга Зијадин Села.
Објектот ќе се протега на 1.300 метри квадратни, а проектот предвидува 13 училници, пет административни канцеларии и сала за состаноци.
Со ова, според градоначалникот, ќе се реши проблемот со недостиг на училишни простории во Струга, а учениците ќе посетуваат настава во добри услови.
Со изградбата на новата училишна зграда мислам дека ќе имаме добри услови за децата, кои сега учат во старото училиште „Браќа Миладиновци“ каде условите не се добри, изјави Села.
Реализацијата на проектот, додаде, е резултат на добрата соработка со турската општина Бујукчекмеџе, а идејата произлегла од првата посета на нивната делегација. Објектот очекува да биде готов за околу четири месеци.
Ново на Сител
-

Пожарот стигна до куќите во Куклиш
-

Тутунарите бараат осигурување со договорот
-

Нема труење во Тетово - цревните инфекции доминираат во педијатриските оддели
-

Владата бара Китановиќ да го повлече ставот за Младиќ или да си поднесе оставка
-

СДСМ бара транспарентност за дата-центрите, ВМРО-ДПМНЕ уверува дека носат развој
-

„Градски воз“: За 25 минути од Зелениково до Железничка - едносмерен билет 40, повратен 70 денари
-

Успешна туристичка сезона во Дојран
-

Недостигаат хотели со поголеми капацитет
