Општина Штип издвои 600 000 денари за најдобрите ученици
По четврти пат Општина Штип ќе доделува стипендии и еднократни парични награди на ученици од основните и средни училишта, кои имаат значајни достигнувања на натпревари на државно и меѓународно ниво. Право на учество имаат сите ученици кои се редовни и да имаат освоено прво, второ или трето место на државни натпревари.
- Од општите услови кои треба да ги исполнуваат учениците кои што ќе конкурираат, да се жители на Општина Штип и да се редовни ученици во основните или средните училишта, на територијата на државата. Важно ед а е каже дека средствата кои се доделуваат се во износ од 600 илјади денари, од кои 420 илјади денари ќе се доделат за стипенди- изјави Снежана Санева, раководител на сектор образование, јавни дејности и ЛЕР, ЛС-Штип
Остатокот од 180 000 денари ќе се додели за еднократна награда за учениците кои постигнале значајни резултати на меѓународно ниво.
- Се зависи од успехот. Имаме методологија по која се пресметуваат бодовите кои учениецдите ги добиваат и потоа се доделува соодветна награда или стипендија. Имаме 3 категориии за стипендии кои ќе бидат доделени. Првата категорија с еоние ученици кои ќе земаат 3000о денари месечно, втора категорија се учениците со по 2500 денари и третата категорија се ученици кои ќе земаат 2000 денара месечно, додаде Санева
Пријавувањето може да биде во електронски или во писмена форма, со достава до Архивата на општината. Крајниот рок за пријавување е 8 декември. Стипендиите и наградите не само што ги охрабруваат учениците да продолжат со успехот, туку и создаваат мотивирачка средина во која трудот и знаењето се препознаени и наградени.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
