Општина Новаци прослави 20 години постоење
Општина Новаци денеска прослави 20 години од денот на формирањето.
Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски посочи дека празнувањата почнаа со свечена приредба што ја изведоа учениците од ЦОУ „Славко Лумбарковски“, а локалната самоуправа приреди отворен ден за сите граѓани.
- Денеска го одбележуваме денот на општина Новаци и 20 години постоење. Според востановената традиција положивме цвеќе на гробот на бранителот Пеце Матичевски, кој е родум од Новаци, а загина во конфликтот во 2001 година. Исто така, имавме и свечена седница на Совет и доделување благодарници за оние кои донираа за време на поплавите, истакна Котевски.
На свечената седница на Советот пред советниците, општинската администрација и многубројните медиуми, Котевски во своето обраќање посебен акцент стави на развојот на општината и многубројните проекти реализирани во изминатите години, но и оние кои се планирани за следниот период.
Општина Новаци како единица на локалната самоуправа постои од 1996 година и е составена од трите поранешни општини Новаци, Бач и Старавина.
Ново на Сител
-
Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас
-
Приведени шест возачи за управување со возило под дејство на алкохол
-
Приведен 29-годишник од Неготино, поднесени кривични пријави и одредена мерка притвор
-
Приведени две лица, пронајдени дрога, дигитална вага и пари | ФОТО
-
Николоски најави поддршка од два милиона евра за дополнителни проекти во општина Кичево
-
Трендафилов од Штип: Минималната плата мора веднаш да се зголеми
-
Државјани на Египет и Албанија нелегално влегле во Македонија
-
Израелската армија ги предупреди жителите на Газа да не се враќаат во градот