Општина Новаци парично ќе ги помага студентите со висок просек
Општина Новаци ќе доделува еднократна парична помош за талентирани студенти кои студираат на државните универзитети во Република Македонија, а се жители на општината.
Иницијативата на градоначалникот Лазар Котевски ја потврди со посебна одлука општинскиот Совет, информираат од тамошната локална самоуправа.
- Станува збор за доделување еднократна парична помош во износ од 6.000 денари на студенти кои имаат висок просек, над девет, а студираат на државни универзитети во нашата земја. Право на оставрување на помош имаат само студенти кои се жители на некое од населените места кои се во територијата на општина Новаци, имаат просек најмалку оцена девет и се редовни студенти, посочи Котевски.
Документите за користење на оваа поволност ќе се поднесуваат во архивата на општината Новаци.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии