Општина Могила со пелети од отпадна слама ги загрева општинската зграда и училиштата
Со преработка на отпадната слама од нивите во Могила во фабрика што е под општинска надлежност, се произведуваат пелети кои се користат за загревање на општинската зграда, спортската сала и училиштата во Општината.
Вработените во Јавното комунално претпријатие „Пела Хигиена“, под раководство на в.д. директорот Александар Чагорски, ја собираат сламата во атарот на селото Могила.
– На овој начин правиме заштеда за греењето по училиштата и во исто време го намалуваме загадувањето. Освен зградата на Општината, со пелети од лани се загрева и училиштето во село Ношпал, а од следната грејна сезона ќе се загрева и училиштето во селото Добрушево, вели градоначалничката на Општина Могила, Јасмина Гулевска.
Оваа година се предвидени најмалку 1.000, а најмногу 2.000 бали слама, од кои ќе се произведат пелетите. Во наредниот период ќе се собере преостанатата слама што треба да ферментира за период од 15 до 30 дена.
Со овој метод на искористување на отпадната слама за производство на пелети, покрај намалувањето на трошоците за греење се внимава и на намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух.
Фабриката за пелети од слама во Могила е дел од проект што започна пред две година, финансиран со средства од Европската Унија во делот за меѓуграничната соработка со Грција
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето