Општина Могила одбележа 22 години постоење
Општина Могила денеска го одбележа - 12 септември, денот кога во 1996 година беше конституирана оваа локална самоуправа.
По тој повод Советот на општината одржа свечена седница, а беше положено и цвеќе пред спомениците на Димче Могилчето, Захарија Шумљанска, Парашкев Цветков и Иљо Лопатички.
- Секој ден, се повеќе се доближуваме до европските стандарди на живеење. Како локална самоуправа вложуваме во инфрастуктурните проекти, економскиот развој и нов инвестициски циклус во општината. Сакаме и нудиме успешна општина во која секој жител ќе се чувствува попријатно и ќе ги добие сите услуги од надлежност на локалната самоуправа, рече меѓу другото градоначалникот на општина Могила Јасмина Гулевска.
Празничната програма на општина Могила посветена на 12 септември ќе заврши вечер на платото пред општината каде ќе настапат познати музички ѕвезди од македонската естрада.
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место