Општина Маврово и Ростуше со над 32 милиона денари ќе ја подобрува инфраструктурата поврзана со туризмот
Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски денеска потпиша договор за подгрант за инвестиции во сферата на инфраструктурата поврзана со туризмот.
-Градоначалникот Куртовски и дректорот на Националнот парк „ Маврово“, Самир Ајдини, аплицираа за проектот „Развој на туризмот во мавровската долина“ при што е добиен подгрант во износ од 32.080.623 денари од страна на Владата преку Меѓународната банка за обнова и развој. Ќе се реализира преку Единицата за спроведување на проектот (ЕСП) „Локална и регионална конкурентност“, информираа од општината.
Додаваат дека со проектот предвидена е реконструкција на стражарската куќа во близина на водопадот Дуф, поправка на дрвените мостови на патеките, како и реконструкција на пешачка патека во должина од еден километар.
-Исто така, предвидена е набавка на дрвени пултови за рекламен материјал од локални производители, набавка на дрвени пултови за производи и сувенири, поставување на детски играчки во просторот на инфо-центарот, набавка на корпи за отпадоци, клупи и столови за одмор, набавка на теренски возила за сафари турата, дообјаснуваат од општината.
Предвидено е и поставување на станица за изнајмување на електрични велосипеди, мобилна апликација за заштита на електричните велосипеди и нивно отклучување во склоп на велосипедската станица, набавка на 10 електрични велосипеди со ГПС(GPS) уреди, како и многу други содржини.
Општина Маврово и Ростуше и НП „Маврово“ за реализација на овој проект ќе кофинансираат 10 отсто од вкупните финансиски средства предвидени за реализација на проектот.
Ново на Сител
-
Трамп: Премиерот Моди ми рече дека Индија ќе престане да увезува руска нафта
-
Половина метар е најдолгото гласачко ливче, ДИК дистрибуира 4.613.438 гласачки ливчиња
-
Студија: Во Србија, секој петти млад човек страда од барем едно психичко нарушување
-
Приведен 18-годишник од Скопје, при претрес на неговиот дом најдена е дрога
-
Прекин на испораката на гас за ЈПС - можни отстапувања од возниот ред
-
Денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, досега пријавени 43.000 граѓани
-
Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември
-
Средба на Сиљановска-Давкова со Фон дер Лајен