Македонија
5. October 2020 - 16:44

Општина Маврово и Ростуше ги демантира обвинувањата на Левица

Општина Маврово и Ростуше категорично ги отфрла сите искажани невистини од страна на политичката партија Левица во објава на партискиот профил на Фејсбук, во врска со изградба на објекти на територијата на општината, наводно без претходно издадени потребни дозволи за истите.

-Станува збор за искажани невиситини, за изградба на објект Маврово Резиденц 2, од страна на инвеститорот Фортонмка Инвест и Фортон МКА, кои предходно ги имаат добиено сите потребни согласности и дозволи за отпочнување со градба на овој туристички објект кој ќе биде од големо значење за развојот на туризмот во нашата Општина. Сакаме да ги информираме сите граѓани дека општина Маврово и Ростуше во целокупното свое работење, сите решенија, акти, дозволи и други документи ги издава со максимално почитување на сите правни акти, процедури и закони на РМ, стои во соопштението на општина Маврово и Ростуше.

Од тука, се наведува понатаму, сакаме да ја информираме јавноста дека, актуелниот урбанистички план, каде се наоѓаат локациите, споменати во текстот на политичката партија Левица, за село Маврово, е донесен со согласност од Министерството за Транспорт и Врски на РМ од 26.02.2015 година, и едногласна одлука на Советот на општина Маврово и Ростуше.

-За локалитетот на Фортонмка,пак, детално е разработен со архитектонско урбанистички план (АУП) и истиот е одобрен со решение од 29.01.2020 година. Врз основа на усвоениот АУП, издадени се и одобренија за градење за наведените градби, посочуваат во соопштение.

Оттаму најавуваат дека општина Маврово и Ростуше и во иднина ќе продолжи активно да работи во интерес на своите граѓани, да привлекува домашни и странски инвеститори со цел, да се подобрат условите за живот на сите жители во општината, и општината да стане најатрактивна туристичка дестинација во регионот, притоа почитувајќи ги сите законски норми кои произлегуваат од законите во државата.

-Општина Маврово и Ростуше, на чија територија се наоѓа и Националниот парк „Маврово“во согласност со донесените урбанистички планови, заштитувајќи ја животната средина, ќе се ангажира со цел да станиме атрактивна туристичка дестинација, ќе продолжиме да даваме градежни дозволи во согласност на донесените УП. Бараме од политичката партија Левица да се извини на општина Маврово и Ростуше за изкажаните невистини, изнесени на социјалните мрежи, со кои се прави штета, на угледот и честа на нашата општина, стои во соопштението на општината