Општина Леград во Хрватска нуди недвижности за 13 центи, се јавуваат и повратници

Програмата на Општина Леград во Хрватска, којашто на младите во изобилство им продава недвижности за 13 центи, доведе и две повратнички семејства од Чиле и Мексико кои се пред купување имот.
Градоначалникот на Леград, Иван Саболиќ потврди дека на последниот тендер биле огласени четири имоти. На земјиштето има куќи, но тие се во таква состојба што треба да се урнат, но идните сопственици ги посетиле новите места на живеење, од коишто биле задоволни. И двете семејства немаат корени од Леград.
Џошуа Грозданиќ Ормазабал вели дека татко му е од Хрватска, а мајка му од Чиле. Пред две години се вратил во Хрватска и оттогаш разгледува можност да го реши станбеното прашање. Тој работи како стјуард, а вели дека во Хрватска се живее подобро отколку во Чиле, па затоа и се вратил.
Ана Ракел Фигуеро Авила е Мексиканка и сопруга на човек со потекло од Хрватска. Нивната желба била да се отселат од Мексико, а бидејќи сопругот има хрватски корени, патот ги одвел кон овој дел од Европа.
Речиси бесплатното земјиште - со услов да се активира постојано живеалиште во Леград, привлекува сѐ повеќе купувачи, а се чини и оти двете семејства ќе бидат непосредни соседи. Досега, благодарение на ваквата политика, Леград продаде 13 имоти, па во мигов нема ниту едно земјиште во понуда. Целта е, секако - да се подобри демографската слика на Општината.
Ново на Сител
-

Трамп: Иранците одиграа мала игра, но многу добри разговори се во тек
-

МВР и ТАВ Македонија: Успешно спроведена вежбата „Сигурен хоризонт 2026“ – тестирана подготвеноста за одговор на сложени безбедносни закани
-

Папата Лав Четиринаесетти го ублажува спорот со Трамп, тврди дека наводите за неговите изјави се неточни
-

Сибиха: Зеленски е подготвен за средба со Путин
-

Лишени од слобода три лица, а со четири извршен службен разговор за семејно насилство во последното деноноќие
-

Оштетен минибус со охридски навивачи
-

ЈП Водовод и канализација – Скопје со акција за отплата на долгови без пресметка на камата
-

Десет лица повредени во верижен судир на пет возила во Ѓорче
