Општина Куманово со 400.000 денари ќе го подобрува туризмот

Општина Куманово ќе ја подобрува туристичката пропагaнда и условите за престој на туристите во Куманово, со приближно 400.000 денари на годишно ниво, информираа денеска од Секторот за администрирање на приходи, стратешко планирање и локален економски развој.
Програмата, објасни раководителот на секторот, Зоран Павловски е донесена врз основа на Законот за локална самоуправа и со неа се уредуваат намената на средствата за општа туристичка пропаганда и за подобрување на условите за престој на туристите за 2017 година.
За брошура „Посети го Куманово“ што ќе се печати на повеќе јазици, македонски, албански, српски и ромски ќе се одвојат 80.000 денари.
- Предвидени се и средства за печатење на флаер, оддржување на веб страната, за печатење на брошурата „Чевларска шопинг тура“ за која ќе бидат одвоени 30.000 денари, изјави Павловски.
Што се однесува до конкурсот за најдобра фотографија со мотиви од Куманово и изложба ќе бидат одвоени 60.000 денари, за конкурс за изработка на сувенир, општината одвојува 50.000 денари. Општина Куманово ќе одвои и 70.000 денари за поставување на знаци, патокази до културно-историските споменици, а ќе постави и билборди на влезовите во градот, како и на коридорите 8 и 10. По потреба во текот на реализацијата на програмата, појасни Павловски може да се врши прераспределување на средствата од една во друга позиција, за што претходно ќе се информира Советот на Општина Куманово.
Ново на Сител
-

Уапсени 29 фудбалери во Турција поради обложување
-

Повторно затворен граничниот премин Евзони
-

Запленети девизи, цигари, употребуван мотор, алкохолни пијалоци, автобус со бункер, лекови и друго | ФОТО
-

Балкански рис со младенче снимен на Шар Планина | ВИДЕО
-

На Денот на албанското знаме не било истакнато државното знаме, постапка против Општина Струга
-

Кривична за лице-државен просветен инспектор, психички малтретирал наставничка за да напише изјава каква што тој сакал
-

Двајца ресенчани нападнале полицајци со тврди предмети
-

19-годишник пронајден починат во неговиот дом во скопско
