Општина Кочани треба да добие в.д. градоначалник за да може да ги извршува основните задачи и функции
Досегашниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов, кој по трагедијата во дискотеката „Пулс“ си поднесе неотповиклива оставка, не успеа за приближно седум месеци да го заврши четиригодишниот мандат што го доби од граѓаните на Локалните избори во 2021 година.
Според членот 54 од Законот за локална самоуправа, по престанокот на мандатот на градоначалникот, членот на Советот на Општина Кочани што го заменува, во овој случај координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Мирче Стојков, е должен за настанатата ситуација да го извести Министерството за локална самоуправа, кое пак понатаму, во рок од 15 дена, ја известува Владата.
Во Општината веќе тече законската постапка со која ќе треба да се избере в.д. градоначалник кој ќе раководи со нејзиното функционирање.
- Откако оставката од досегашниот градоначалник е депонирана во архивската служба на Општината, известено е Министерството за локална самоуправа, кое за тоа веќе ја информирало Владата. Според непотврдени информации, се очекува на владината седница во вторник да се разгледува дописот од Министерството и после тоа очекуваме претседателот на Советот на Општина Кочани да свика седница и да се потврди кој ќе биде в.д. градоначалник до локалните избори. Мојата функција е досегашната – советник во општината и немам депонирано потпис во Централен регистер, така што дискутабилно е дали можам да потпишувам документи. Ова е прв ваков случај, се работи за правен лавиринт со кој ниту една општина досега не се соочила, па има различни мислења меѓу правните експерти за валидноста на мојот потпис, истакнува Стојков.
Според законските одредби во рок од триесет дена од објавувањето на одлуката на Владата, Советот на Општина Кочани со мнозинство гласови од вкупниот број треба да избере еден од своите членови што ќе ја врши должноста. Избраниот в.д. градоначалник ќе остане на функцијата сѐ до изборот на нов на редовните локални избори, што треба да се одржат во октомври годинава.
Ново на Сител
-
Ќе продолжи изградбата и реконструкцијата на повеќе театри, предвидени 123 775 000 денари
-
Ќе се набавуваат 120 еколошки автобуси, најголем дел за Скопје
-
Влада: Усвоена информација за изградба на нови објекти и за реконструкција на постојните објекти во културата и набавка на 120 еколошки автобуси
-
ЕСМ: Од денеска до 5 април минимални редукции на испораката на топлинска енергија во Скопје
-
Два нови случаи на Ковид-19 во државава
-
Поднесена иницијатива за смена на Перо Антиќ
-
Отворена истражна постапка против лично обезбедување на премиерот, осомничен за „оддавање службена тајна“
-
Осум кандидати за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ги претставија нивните кандидатури