Општина Кочани со пет акции за прскање против комарци
Општина Кочани во текот на овој и наредните два месеца ќе ја спроведе акцијата за уништување на комарците од земја и воздух. За таа цел ќе бидат реализирани две акции со авиотретирање и три акции од земја. Првата акција се очекува наредната недела и ќе биде од воздух.
Од општина Кочани истакнуваат дека се надминати проблемите со тендерската постапка за избор на оператор кој ќе ја реализира акцијата. Веќе е склучен договор со команијата „Бони ер“ од Куманово за авиотретирањето, додека за прскањето од земја е склучен договор со Центарот за јавно здравје од Скопје.
За набавка на неопходниот инсектицид и ларвицид што е одобрен од Бирото за лекови, како и за услугата за прскање против комарците оваа година општина Кочани од сопствениот буџет издвои милион и 542 илјади денари, што е за околу 200 илјади денари повеќе од минатата година.
Двете третирања ќе се реализираат одделно, односно со терестријалниот третман ќе се опфати површина од околу 1.200 хектари во централното градско подрачје, приградските населби и дел од населените места во општината, додека со авионското прскање се планира да биде опфатена површина од 3.400 хекатари, површина во градот и населените места во општината.
Ново на Сител
-
Израел: Хамас е поразен „секаде каде што се боревме против него“
-
Мерц најави помош од 29 милиони евра за Појасот Газа
-
МП: Венецијанската комисија даде позитивно мислење за предлог законите за јавно обвинителство и за Советот на јавните обвинители
-
ДИК одобри акредитации за меѓународни и домашни организации за набљудување на локалните избори
-
Коцевски со писмо до комората бара адвокатите да не го злоупотребуваат предметот Пулс
-
Двајца Срби пробале да шверцаат 23000 кутии цигари во земјава - добија парична казна и протерување од државата
-
Во август 280 одобренија за градење, од кои 179 за високоградба, предвидени 646 станови
-
Битолчанка измамена за 27.000 евра со веќе познатата измама за наводна „сообраќајна несреќа“