Општина Кичево и годинава ќе додели педесет стипендии на студенти од општината
Четврта година по ред Општина Кичево на 50 студенти и годинава ќе им додели стипендии, кои истата ќе да ја користат во претстојната академска година. За таа цел општината објави конкурс во дневните весници и на веб страницата на Општина Кичево, за да можат да се пријават заинтересираните бруцоши или студенти од повисоките години .
– За да ги стимулираме младите од нашата општина во што поголем број да студираат и во исто време да бидат добри студенти.и во оваа календарска година ќе доделиме 50 стипендии. Стипендиите се однесуваат на две категории академски граѓани и тоа за студенти со висок просек во студирањето ќе бидат доделени и 25 стипендии и исто толку стипендии ќе бидат доделени на студенти со тешка економска состојба и на кои оваа стипендија ќе им биде добредојдена, за да им го олесни студирањето, истакна Емин Насуфи од Општина Кичево.
Тој посочи дека интересот за овие стипендии ќе биде голем, како што беше случај и претходните години.
-Како и претходните години така и годинава очекуваме интересот за студентските стипендии да биде голем. Висината на стипендиите ќе изнесува 3 000 денари, која ќе им биде исплаќана на студентите за период од 8 месеци, во претстојната академска година или за секој студент општината ќе обезбеди по 24 000 денари, вели Насуфи.
Ново на Сител
-

Иран дозволи премин на кинески бродови низ Ормуска Теснина
-

12-годишно девојче под присила праќало експлицитни фотографии и видеа на малолетник
-

Уапсен охриѓанец, одзел телефон на германска туристка, нападнал полицајци и во домот поседувал дрога
-

Во деновите од викендот нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер
-

Сиљановска-Давкова: Употребата на придавката македонски не може да се забрани
-

Шји: Кина и САД треба да се партнери, а не соперници
-

Арагчи: Иран не поставува пречки во Ормуската Теснина
-

Нетанјаху на суд негираше дека има здравствени проблеми
